Македонија
27. November 2026 - 16:32

Паѓа невработеноста, расте неформалната економија

Пад од 2,4% на бројот на невработени во една година, со што сега стапката на невработеност е 11,2%.

Активно население: 797 755

Вработени: 708 182

Невработени: 89 593

 Државниот завод за статистика објави дека од активни, речиси 800.000 луѓе, вработени се 708.000.

Сепак, тоа што загрижува е што ДЗС бележи раст на бројот на луѓе кои работат на црно. Во третиот квартал од оваа година, 103 177 луѓе биле дел од неформалната економија. Порастот, според државната статистика се бележи од зголемување на бројот на неформално вработени во земјоделието, шумарство, рибарство. Работниците во овие сектори се всушност повеќе од половина од оние кои работат на црно.

Втората дејност каде државната статистика регистрира најголем број на неформално вработени е градежништвото, околу 16%.

Работат на црно: 103 177

Земјоделство 58 213 или 56,4%

Прашањето за работа во неформалната економија е многу комплексно. Тоа што не го кажува извештајот на Државната е статистика е кој се е дел од неа.

Ескпертите велат во неа влегуваат и категории на граѓани кои не можат да бидат формално исплатени, како пензионерите кои работат хонорарно.

-Претпоставувам и дека добар добар дел од нив користат и социјални бенефити кои на крајот од денот секако дека државата треба да им ги пружи доколку не остваруваат доволно средства преку приватните бизниси кои ги прават. Но во никој случај не треба да се исплаќаат тие средства кај лица кои остваруваат сериозни приходи, а работат на црно.

Но што државата може да направи за да ја намали оваа неформална економија?

-Ако веќе детектираме дека имаме одреден број на лица кои работат на црно, во секој случај системот треба да понуди одредени активни мерки кои ќе им дадат привилегии на тие лица, за три или пет години да го регулираат бизнисот, односно тоа што го работат на црно да го стават да биде во редовните канали. И така да придонесуваат, односно да партиципираат кон своето социјално и пензиско осигурување. Вака, само влегуваме во една непријатна ситуација кадешто тие лица се на товар на Фондот за здравство или ќе бидат на товар на Фондот на здравство.

Државниот завод за статистика објави податоци и за уделот на регионите во македонската економија.

Удел во БДП

Скопје – 47,1%

Вардарски – 6,4%

Источен – 7,5%

Југозападен – 8,7%

Југоисточен – 8,2%

Пелагониски – 10,1%

Полошки – 7,5%

Североисточен 4,4%

Скопје речиси половина од македонската економија. Освен главниот град, во Бруто домашниот производ најмногу придонесуваат Пелагонија и југозападниот дел од државата. Најмал удел има североистокот на државата.

Речиси идентична е состојбата со бруто-инвестициите. Речиси половина од парите одат во Скопје.

Бруто-инвестиции во основни средства по региони

Скопје – 45,2%

Вардарски – 6,4%

Источен – 6,3%

Југозападен – 12,8

Југоисточен – 6%

Пелагониски – 10,7%

Полошки – 9,2%

Североисточен 3,5%

Податоците сепак покажуваат дека југозпадниот регион им анајголем пораст на уделот во брутодомашниот производ од 11% во однос на 2024 година. Најголем пораст во инвестициите има во Полог, дури 40% во однос на 2024.

Раст на бруто домашен производ:                                                               Раст на инвестиции:

Југозапад – 11%                                                                                                           39,9%