Македонија
31. August 2024 - 16:32

Остра реакција од Софија, бугарското МНР ја повика македонската амбасадорка

Ставот на вицепремиерот Николовски дека македонската влада не може да преговара со политички маргиналци во Бугарија, ја вознемири официјална Софија.

Македонската амбасадорка Агнеза Руси Поповска вчера била повикана во бугарското МНР каде и бил изразен остар протест. Оттаму потенцираат дека Софија останува отворена за разговори, без разлика дали земјата ја води техничка или редовна влада, но тоа не вклучува репреговарање на веќе преземените обврски од Скопје.

За жал, беше констатирано дека системските провокации и одбивањето да се исполнат обврските на официјални претставници на соседната земја дополнително ја оддалечуваат од почетокот на преговорите со Европската Унија. Официјалниот и секој следен владин кабинет ќе ја продолжи природната линија на бугарската надворешна политика кон Република Северна Македонија, насочена кон гарантирање на човековите права и почитување на принципите на добрососедство“, се вели во соопштението од бугарското МНР.

Дека Софија во следниот период ќе се обиде да ја вовлече Македонија во својата предизборна реторика вчера предупреди и премиерот Мицкоски. Тој ги повика граѓаните да не наседнуваат на вакви провокации и порача дека македонската влада има своја реформска агенда по која ќе се движи иако стартот на преговорите со Унијата само за Макаеднија не зависи од напредокот во реформите