И претседателот на Уставен е против распуштање на судскиот и Советот на јавни обвинители
Лична а не колективна одговорност на судии и јавни обвинители. Ова според првиот човек на Уставниот суд е решение за лошите состојби во правосудството.
Во интервју за МИА, Костадиновски коментирајќи ги најавите на власта за распуштање на судскиот и советот на јавни обвинители вели дека колективната одговорност како лош преседан може да не втурне во еден лавиринт од кој нема да може да излеземе долг период.
„СЕКОГАШ БЕЗ ИСКЛУЧОК ИНДИВИДУАЛНАТА ОДГОВОРНОСТ ДОКОЛКУ СЕ УТВРДИ, ПО КАКОВ БИЛО ОСНОВ, КОРУПЦИЈА, ТРГУВАЊЕ СО ВЛИЈАНИЕ, ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНАТА ПОЛОЖБА И ОВЛАСТУВАЊЕ, ПРЕКРШУВАЊЕ НА ЗАКОНИТЕ ИТН., ВО РАМКИТЕ НА КОЕ БИЛО ТЕЛО, УБЕДЕН СУМ ДЕКА ЌЕ ИМА ПОДОБАР ЕФЕКТ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПРИНЦИПИТЕ НА ОДГОВОРНОСТ ГЕНЕРАЛНО, ПОЗИТИВНО ЌЕ ВЛИЈАЕ НА ДОВЕРБАТА И ПРАВНАТА ДРЖАВА ОТКОЛКУ КОЛЕКТИВНАТА ОДГОВОРНОСТ КОЈА МОЖЕ КАКО ЛОШ ПРЕСЕДАН ДА НЕ ВТУРНЕ ВО ЕДЕН ЛАВИРИНТ ОД КОЈ НЕМА ДА МОЖЕМЕ ДА ИЗЛЕЗЕМЕ ДОЛГ ПЕРИОД“, ВЕЛИ КОСТАДИНОВСКИ.
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УСТАВЕН ВО ИНТЕРВЈУТО ПОСОЧУВА ДЕКА ПОСТОЈАТ И УСТАВНИ И ЗАКОНСКИ МЕХАНИЗМИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ЛОШАТА СОСТОЈБА И ВО ПРАВОСУДСТВОТО И ВО КОЈА БИЛО ДРУГА ОБЛАСТ.
ТОЈ ВЕЛИ И ДЕКА НЕ БИ САКАЛ ДА СЕ ДОЈДЕ ДО СИТУАЦИЈА ВО КОЈА ПРЕДЛАГАЧОТ НА РЕФОРМИТЕ ЌЕ БИДЕ ПОДДРЖАН ОД ГРАЃАНИТЕ, А УСТАВНИОТ СУД ДА БИДЕ ПЕРЦИПИРАН КАКО КОЧНИЧАР ДОКОЛКУ УТВРДИ ДЕКА ЕВЕНТУАЛНИТЕ НОВИНИ СЕ УСТАВНО ПРОБЛЕМАТИЧНИ.
„ЕДНОСТАВНО Е, СЕ НАДЕВАМ ДЕКА И ВЛАДАТА И ЗАКОНОДАВЕЦОТ НЕ САМО НА ОВАА ТЕМА НА КОЈА БИЛО ДРУГА ЌЕ СЕ ДРЖИ ДО РАМКИТЕ НА УСТАВОТ И НЕГОВИТЕ ТЕМЕЛНИ ВРЕДНОСТИ КАКО ПОДЕЛБАТА НА ВЛАСТА ВО КОНКРЕТНИОТ СЛУЧАЈ. ОД ДРУГА СТРАНА НАШИОТ УСТАВ ВО ЧЛЕН 58 ЈА УТВРДУВА СТРУЧНОСТА И КОМПЕТЕНТНОСТА КАКО УСТАВЕН ПРИНЦИП. ЈАСНО Е ДЕКА ДОКОЛКУ ОГРОМЕН БРОЈ НАШИ СОГРАЃАНИ УВИДУВААТ И ПОДДРЖУВААТ ПРОМЕНИ ИСТИТЕ СООДВЕТНО ДА СЕ АДРЕСИРААТ. НО, КОЛЕКТИВНАТА ОДГОВОРНОСТ НА ЦЕЛИ ОРГАНИ ВО ЕДНА ПРАВНА ДРЖАВА Е ИСКЛУЧИТЕЛНО ПРОБЛЕМАТИЧНА“, ВЕЛИ КОСТАДИНОВСКИ.
НАЈАВИТЕ НА НОВАТА ВЛАДА ПРЕДВОДЕНА ОД ВМРО-ДПМНЕ, А ВО КОЈА СЕ И ВРЕДИ И ЗНАМ, ЗА РАСПУШТАЊЕ НА СУДСКИОТ И СОВЕТОТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ БЕА КРИТИКУВАНИ И ОД МЕЃУНАРОДНАТА ЗАЕДНИЦА. ЕВРОАМБАСАДОРОТ ДЕЈВИД ГИР ПОРАЧА ДЕКА ТОА БИ БИЛО ДИРЕКТНО МЕШАЊЕ ВО СУДСКАТА ВЛАСТ. Мицкоски сепак не отстапува од оваа идеја се додека или од фелата или од меѓународните партнери не биде доставен подобар предлог.
-
Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар