Македонија
31. August 2024 - 16:32

Пандов: Неопходни се инвестиции во македонскиот затворски систем

Неопходни се реформи и инвестиции во македоснкиот затворски систем, смета првиот човек на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов. Од вкупно 12 казнено поправни установи во земјата некои се од европски, но има и од латино американски тип кои не можат да ги задоволат ниту основните потреби за претстој на осудените лица.

- Бараат не мал дел од затворите инвестиции, но она најважно што е, затоа што во затворскиот систем во Македонија постои затвор „Идризово“, каде што има 1.200 затвореници, а сите останати 11 затвори имаат 1.200 затвореници. Отвореното и полуотвореното одделение, таму се изградени и тие се налик на супер европски затвори. Но, она што е затворениот дел, амбуланта и притвор, а тоа се немал дел од тој затвор, правиме се сега, за да ги направиме и веќе од догодина да почне да се гради, изјави Александар Пандов, директор на Управата за извршување на санкции

По извршениот увид на затворите, Пандов констатирал дека имало и самоволие во некои од установите од страна на раководствата.

- Се однесувале во духот на Луј 14. Тие како директори се заживувале дека се сопственици, дека тоа се приватни нивни затвори и така ги третирале затворениците. Имало затворници кои сме ги воделе како граѓани на Р. Македонија дека се во затвор, а не претстојувале во затвор, додаде Пандов.

Во мометот околу 130 осудени лица се водат како бегалци, но не затоа што извршиле класично бегство, туку не се вратиле од викенд отсуство на до одслужување на затворската казна.