Македонија
23. November 2024 - 16:45

СДСМ утре на конгрес ќе бира ново партиско раководство

СДСМ на конгрес утре ќе избира ново партиско раководство. Пет месеци по превземањето на лидерската функција по историски најголемиот изборен пораз за партијата, Филипче утре прв пат ќе се соочи со предизвикот да го консолидира членството. Од партијата засега не откриваат детали кој претендира да ги завземе највисоките партиски функции.

Задачата на Филипче воопшто не е лесна согласни се и политичките аналитичари. Според Арсовски во моментов никој не може да даде одговор на прашањето дали Филипче ќе успее да ја реформира и да ја консолидира партијата, а првиот тест ќе бидат локалните избори.

Според најавите од партијата утре ќе бидат избрани нови членови на највисокиот партиски орган – Централниот одбор кој подоцна ќе треба да ги избере партиските потпретседатели и генералниот секретар.