Ветер од над 100 километри на час во штипско и битолско
Со брзина од над 100 километри на час дувал ветерот кој вчера предизвика штети во штипско и битолско. Од управата за хидрометролошки работи велат дека нивните метеоролшки станици низ државата, регистрирале силен ветер уште во Охрид и Берово. Откорнати покриви, паднати дрвја и електрични столбови сведочат за ветерот кој на моменти имал удари и повеќе од 100на километри на час.
Ветер со брзини од 60 до 70 километри на час и денеска дува во неколку региони, најпогодено е повардарието.
Силниот ветер го вжетил телефонот во Центарот за управување со кризи. Добиле над 2 илјади повици, а најголем дел се однесувале на штети од невремето. Пожарникарите и локалните власти работеле на расчистување на паднатите покриви, расчистувале дрва од сообраќајниците.
На терен интервенирале и екипи на ЕВН кои работеле на расчистување на паднати столбови и жици.
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар