-->
-->
Драма во Скопје: Му вперил пиштол, па се покајал
-->
Наместо да го реши недоразбирањето, 40 годишниот скопјанец Д.С. почнал да навредува и да се заканува со убиство.
Случајот во полиција вчера вечерта го пријавил 43 годишниот Б.Ш. од Скопје. Тој истакнал дека вчера попладнето му се јавил Д.С. и го повикал да се видат на булеварот „Видое Смилевски Бато“ со цел да ги решат недоразбирањата кои претходниот ден ги имал со неговиот татко К.Ш.
- Кога се сретнале Д.С. почнал да го навредувал Б.Ш. и да се заканува со убиство кон него и неговиот татко доколку истите не ја повлечеле претходната пријава. Во еден момент Д.С. извадил пиштол и го вперил кон Б.Ш., но истиот го фатил за рака и го совладал, информираат од полицијата.
Д.С. со телесни повреди добиени во тепачката бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите