Димитров во Лондон по британска поддршка за НАТО и ЕУ
Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров денеска и утре ќе престојува во прва работна посета на Велика Британија.
Домаќин на Димитров ќе биде британскиот државен министер за Европа, сер Алан Данкан, соопшти македонското МНР. Шефот на македонската дипломатија во Лондон ќе има билатерални средби со британски парламентарци, како и одделна средба со Комисијата за надворешни односи во Горниот дом на Парламентот.
Во рамки на посетата, министерот Димитров ќе учествува и ќе се обрати на конференцијата „Democracy UK: Global Values in an Uncertain World“, што ја организира Вестминстер Фондацијата за демократија (WFD) по повод 25-годишнината од нејзиното основање.
Се очекува за време на посетата на Димитров на Лондон да биде потврдена британската поддршка за евро/атлантските интеграции на Република Македонија, а ќе се разговара и за унапредување на билатералните односи, преку конкретни проекти во различни области на соработка, истакнуваат од МВР.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите