-->
-->
Берлин: Израел мора да ги прифати критичките невладини организации
-->
Германската владина коaлиција составена од ЦДУ/ЦСУ и Социјалдемократите имаат ист став за конфликтот што настана откако израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху одби да се сретне со министерот за надворешни работи Зигмар Габриел во Тел Авив. Нетанјаху ја откажа закажаната средба со Габриел откако германскиот министер се сретна со две невладини организации кои што ја критикуваат израелската влада за еврејските населби на Западниот Брег.
Портпаролот на германската канцеларка Штефан Зајберт денеска изјави дека Берлин жали што состанокот бил откажан но дека Израел мора да ги прифати критичките организации во демократско општество.
- Во демократија мора да биде можно странски гости без проблем да зборуваат со критички настроени претставници на цивилното општество. Канцеларката Меркел тоа го прави редовно за време на своите посети во странство, изјави Зајберт денеска , јавува дописникот на МИА од Берлин.
Според Зајберт Меркел и Габриел кои припаѓаат на двете најголеми политички партии во Германија и за ова прашање како и секогаш за сите други теми се во редовен контакт.
Според портпаролот на Меркел дипломатскиот инцидент нема да ги наруши добрите односи меѓу двете држави. За десетина дена на патување во Израел и на Палестинските територии кое беше закажано предходно ќе оди и новиот германски претседател Франк Валтер Штајнмаер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите