Македонија
3. February 2017 - 16:33

Анализа: Иванов не ги прекрши уставот и праксата

Одлуката на претседателот Ѓорге Иванов, по консултациите со партиите, мандатот за состав на нова влада да и го додели на тој ќе докаже дека има мнозинство во Собранието,  не е ниту кршење на Уставот, ниту преседан, ниту самоволие,  како што обвинува опозицијата.

Освен уставното начело според кое шефот на државата го доделува мандатот на оној од кој достави писмено известување дека има обезбедено мнозинство во Собранието, на страна на одлуката на Иванов се и истуствата од минатото. Особено случајот од 1992 година, кога по падот на експертската влада на Кљусев, тогашниот претседател Глигоров, мандатот за состав на владата и го додели на СКМ-ПДП, денешната СДСМ, само поради тоа што таа партија обезбеди мнозинство во Собранието.

Со падот на владата на Кљусев, ВМРО ДПМНЕ во Собранието имаше најмногу пратеници, но не и мнозинство за состав на владата. За тоа како денешниот СДСМ, тогашна СКМ-ПДП, го добива мандатот, сведочи и изјавата на Петар Гошев, тогашен мандатар.

Уште поксплицитен е примерот со враѓањето на мандатот од Гошев, кој не успеа да состави влада. Токму поради мнозинството на СДСМ во Парламентот, Глигоров по втор пат таа 1992 година и го враќа мандатот на СДСМ, но овој пат како мандатар се јавува Бранко Црвенковски.

Гошев деновиве тврдеше дека мандатот го вратил веднаш штом го добил од Глигоров, но изјавите од архивите, но и неговите неодамнешни сведочења за тие настани во документарецот за 20 години независност, покажуваат дека тој ги искористил 20 те дена законски рок за состав на владата, поради притисоци за кадровски решенија, тој се повлекува.

Доказ дека Гошев мандатот го вратил дури по истекот на 20-те дена рок, има и во архивите на претседателскиот кабинeт. Во тогашната писмена изјава, што ја одбјавува денешен Дневник, Гошев напишал: Заклучно со денешниот ден, дваесет дена водев интензивни преговори и консултации за да го обезбедам соодветниот состав на владата - состав што ќе може да одговори на тежината на задачата што ја носи таа функција (тој орган), особено во овие тешки и би рекол судбински денови за Републиката. За жал, работите почнаа да се одвиваат поинаку од почетната согласност и поддршка, стои во изјавата на Гошев испратена до Глигоров на 6 август 1992 година.

ВМРО-ДПМНЕ тогаш на чело со Георгиевски поднесува иницијатива пред Уставниот суд со тврдење дека Глигоров го прекршил членот 90 од Уставот (односно членот 84 во стариот Устав) со тоа што го доверил мандатот на Црвенковски (како кандидат од иста партија, од која претходниот мандатар го вратил мандатот). Но Уставниот суд се произнел со решение дека нема прекршување на Уставот.

Сличен е случајот и со составот на првата влада во 1991 година. Според  сведочењата на Георгиевски и Гошев, прсудно за нејзино составивање било мнозинството во Собранието.

Покрај последната одлука на Иванов, тој беше нападнат и поради тоа што побарал од партиите кои ќе ја составуваат новата влада да имаат два клучни приоритета, што според опозицијата значи дека претседателот наметнува услови, односно го условува идниот мандатар.

Но, праксата покажува дека тоа не се никакви услови, туку политички ставови на претседателот за идните приоритети на новата влада. Нешто, што го барал и Глигоров од тогашните мадатари.