ЗЕЛС бара посериозен пристап од МВР и МОН за секојдневните дојави за бомби
ЗЕЛС побара од МВР да преземе сериозни чекори за пронаоѓање на испраќачите на лажни дојави за бомби во скопските училишта. Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода, Орце Ѓоргиевски вели дека родителите повеќе не се должни и не можат да го издржат овој притисок, кој, како што вели, е плод на неможноста на МВР да стави крај на оваа ерозија на системот.
Побара и МОН да најде начин за продолжување на наставата, бидејќи вчера онлајн платформата не функционираше.
-Како претседател на ЗЕЛС го повикувам министерот Спасовски да ги заврши објаснувањата како не можат да ги најдат сторителите, бидејќи во системот и МВР и тој е поставен за министер токму да ги најде сторителите. Не поминува повеќе никакво објаснување бидејќи резултати од ниедна истрага нема, напиша Ѓоргиевски на Фејсбук.
Ново на Сител
-
Завршни консултации за измени на законот за локална самоуправа
-
Пациентките приморани да чекаат со недели за мамограф и ехо преглед
-
Преглед на вестите од светот
-
Складовите на Македонски шуми претворени во депо за стари и хаварисани возила
-
Тема на денот со Арбен Таравари
-
Нов протестен марш во Скопје
-
Двојни стандарди за ЕУ интеграции
-
Младите помеѓу реалноста и можностите