Младите помеѓу реалноста и можностите
„Парампарче се правите, како Тексас станавме, срамота сме на светов“. Со ваква моќна порака имамот од Чаир се обрати до сите верници. Видеото стана вирално токму поради зборовите со кои сурово ја опишува денешницата. Оџата Муарем Исмаили порача дека ништо не им е свето и залудно доаѓаат на молитва кога дивеат по улиците.
Осврнувајќи се на последното убиство во Чаир, но и сите немили настани кои ги слуша постојано, порача дека е крајно време општеството да се вразуми и да престане да се самоуништува.
Вчеравечер 17 годишник од Косово со возило Ауди прегазил двајца тинејџери на крстосница во Шуто Оризари. Од ударот 18 годишник се здобил со тешки телесни повреди а повредена е и 17 годишна тинејџерка. Полицијата поднела кривична пријава по брза постапка и возачот е задржан во станица.
Дека живееме во лудо време во кое особено младите се вон контрола сведочи и последното видео од сообраќајка среде центарот во Скопје.
Млади момчиња додека се снимале за на социјалните мрежи, удираат во такси возило. За среќа од она што се гледа на видеото, нема повредени. Но, ваквото неодговорно возење стана секојдневие.
Социолозите оценуваат дека сето ова се должни на слаба контрола од институциите кои каскаат зад динамиката со која се движат младите кои пак се обременети со проблемите кои ги донесе глобализацијата.
Во билтенот на МВР речиси секојдневно се регистрирани по неколку сообраќајки,престрелки, инциденти во кои најчесто учествуваат и страдаат млади луѓе.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар