Преглед на вестите од светот
Лидерите на неколку европски држави денеска ќе имаат состанок во Париз за да договорат заедничка позиција за Украина пред администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. Средбата се одржува во време кога администрацијата на Трамп остро ја критикува ЕУ и има намера директно да преговара со Русија за ставање крај на војната во Украина.
Францускиот претседател Емануел Макрон ќе биде домаќин на претставници од водечките европски држави, потврди францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро.
Елисејската палата соопшти дека средбата е неформална и ќе се одржи попладнево, а на неа ќе присуствуваат лидерите на Германија, Велика Британија, Италија, Полска, Шпанија, Холандија и Данска, како и претседателката на Европската комисија и генералниот секретар на НАТО Марк Руте.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека жителите на Газа треба да добијат избор да ја напуштат енклавата, доколку сакаат. Говорејќи на настан во Ерусалим, тој рече дека планот на американскиот претседател Доналд Трамп за Газа е наместо. Израел изврши напад со беспилотно летало во градот Рафах во јужниот дел на Појасот Газа при што според палестински и израелски извори, загинале двајца, а неколку лица се повредени. Израелската војска го повтори апелот до жителите на Газа да ги следат нејзините упатства и да избегнуваат да се приближуваат до израелските сили стационирани во областа.
Хамас, објави соопштение во кое го осудува одбивањето на Израел да одобри влез на возила со помош и тешка опрема во Појасот Газа, како и нападот со беспилотни летала, кој го опиша како прекршување на договорот за прекин на огнот.
Жителите на Бразил се соочуваат со високи температури од околу 40 степени. Ова пред се се однесува за Рио Де Жанеиро. Во такви услови Владата на Бразил се труди да обезбеди примарна грижа за населението пред се она најзагореното; стартите лица, децата, бремените жени.
Меѓутоа секако најдобро нешто за жителите во справувањето се летните горештини е морето, па така плажата Макумба е исполнета до псоледно место. Разладувањето и пливањето во морските води е секако добредојдено за секој.
-
Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар