Македонија
16. February 2025 - 21:23

Складовите на Македонски шуми претворени во депо за стари и хаварисани возила

Дрва речиси и да нема, ама затоа е полно со стари и хаварисани возила. Складот на Македонски шуми во Струмица наместо како простор за оргевно дрво се користи како депо на запленети зпрежни коли и моторни возила кои служеле за транспорт на украдено дрво од страна на дрвокрадците.

Случајот во Струмица не е единствен, а ваквата слика  ја има речиси во сите подружници на Македонски шуми. Според неофиијалните бројки се работи за околу 2000 возила кои сериозно го попречуваат тековното работење на претпријатието. Но и покрај тоа тие немаат надлежност да ги отстранат бидејќи тоа е обврска на агенцијата за одземен имот.

Од Агенцијата за одземен имот информираа дека веќе започнале постапка за решавање на проблемот. Во момeнтов во тек е  проценката  што ја прави бирото за проценка по што ќе следува втората фаза, односно продажбата на возилата од кои најголемиот дел ќе завршат како старо железо.

За сега нема прецизни информации колку ќе трае целиот процес, но од Агенцијата се оптимисти дека до крајот на годината возилата ќе бидат отстранети, а складовите исчистени.