Македонија
27. February 2024 - 12:20

Заострување на условите за градење во Охрид

Заострен режимот за градби во старото градско јадро на Охрид.

Согласно предлог законот за измени и дополнувања на законот за прогласување на Старото градско јадро за културно населдство од особено значење нема да може да се градат нови објекти, доградби и надградби се до донесување на новите детални урбанистички планови усогласени со заштитата се со една идеја исполнување на препораките на УНЕСКО.

Во пресрет на  Мониторинг мисијата на Унеско која е најавена во посета на охридскиот регион на крајот на овој месец, изготвена е и  новата стартегија за туризам, која  предвидува одржлив развој и заштита на културното наследство.

Во Охрид најзагрозено пред се од урбанизација  е старото градско јадро.Во јули се очекува УНЕСКО повторно да расправа за сатусот на Охридскиот регион.