-->
-->
Заев – Туск: Северна Македонија ги исполни сите услови за преговори
-->
Лидерите на земјите членки на Европската Унија на утрешното заседание ќе прават напори да дојдат до консензуално решение поврзано со почетокот на преговорите за Северна Македонија, е заедничкото очекување на премиерот Зоран Заев и претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.
На средбата на Заев и Туск, што се одржа вечерва во Брисел, беше заклучено дека Република Северна Македонија и граѓаните ги исполниле сите услови за донесување одлука за почеток на преговори правејќи храбри чекори и сериозни реформи.
Од владината прес-служба соопштија дека на состанокот, на кој присуствуваа и заменик-претседателот на Владата, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, се разговараше за актуелните очекувања поврзани со утрешната средба на Европскиот совет.
-->
-->
-->