Македонија
2. December 2024 - 12:23

Со намалени цени во зима до повеќе туристи

Охрид треба да креира вонсезонска понуда.

Охрид треба да креира вонсезонска понуда.Во зимскиот период кога градот е речиси празен туристичките работници со намалени цени во сместувањето и угостителските услуги и атрактивна понуда во која ќе бидат вклучени културно историските и природните убавини со кои располага градот треба да привлекуваат туристи .

Градот  има капацитет за развој на  вонсезонска понуда, која ќе опфаќа активен, рурален, планински, културен, верски и гастро туризам.

Експертите советуваат Македонија доколку сака да стане конкурентна на туристичкиот пазар,  ќе мора да вложува многу во  развој на патната инфраструктура и авионскиот сообраќај.