Заев: Двајца високи претставници на власта под истрага за корупција
- Се води истрага против двајца високи претставници на власта по дојава од граѓани за корупција, рече премиерот Зоран Заев во денешното обраќање на панел дебата на Самитот Македонија 2025.
- Доколку ние ги фокусираме нашите напори да ја искорениме корупцијата, овој чекор ќе биде силен ветер во грб за целото општество. Но, исто така, транспарентноста е многу важна. Ова го кажувам прв пат, јас постојано ги охрабрувам граѓаните на нашето општество да пријавуваат потенцијални случаи на корупција, и како резултат на тоа во моментов се води истрага по овие дојави за двајца високи претставници на власта кои се на должност неколку месеци, рече Заев на панел дискусијата „Што научивме и како да ги применуваме најдобрите практики во Македонија и регионот“.
Се разбира, наведе Заев, ова е само истрага и не може да се откриваат повеќе детали.
- Со ова сакам да кажам дека законот мора да важи подеднакво за сите, рече премиерот Зоран Заев.
Ново на Сител
-
Рекации за интервјуто на Пендаровски за Сител
-
Европа да ги задржи добрите односи со САД, меѓу приоритетите на полското претседавање со ЕУ
-
Касами: ДУИ да се реформира наместо да се заканува
-
СДСМ: Во министерството за дигитална трансформација тендери добивал сопругот на државната секретарка
-
Граѓани вртат кругови да најдат паркинг - хаосот со паркирање на Клинички со години е секојдневие
-
Роковите за употреба на јаглен ќе бидат пробиени
-
Преглед на вестите од светот
-
Сторителот на убиството кај Мавровка призна вина, пресудата во четврток