Во Зимбабве не е извршен државен удар, тврдат воени лица
Во Зимбабве не е извршен државен удар, тврдат воени лица, кои се обратија на националната телевизија.
Тие потврдија дека ја преземале власта, но истакнаа дека не станува збор за државен удар, туку нивна цел се „криминалците“ околу претседателот Роберт Мугабе.
Според нив, Мугабе и неговото семејство се добро и се безбедни.
Војниците го уапсија министерот за финансии Игнатиус Чомбо, откако ја зазедоа власта во обид да се справат „со криминалците околу претседателот Роберт Мугабе кои им причинуваат социјално и економско страдање на луѓето“, соопшти владин извор.
Чомбо е влијателен член на такаанаречената фракција „Г40“ на владејачката партија Африкански национален сојуз на Зимбабве - Патриотски фронт. Фракцијата ја предводи Грејс, сопругата на Мугабе, , која планира да го наследи 93-годишниот претседател на функцијата шеф на државата.
Претходно беше соопштено дека војници рано изутринава го зазедоа седиштето на зимбабвиската државна телевизија Зе Би Си.
Според западните медиуми, неколку силни експлозии одекнале во центарот на главниот град Хараре, по што војници биле распоредени на улиците низ градот и ја заземале државната телевизија. Кон неколкумина медиумски работници била употребена сила, но им било соопштено да не се вознемируваат, бидејќи војниците се таму за да ја чуваат телевизијата.
Случувањата ги зајакнуваат шпекулациите за државен удар врз претседателот Мугабе.
Засега не е познато која е причината за експлозиите.
Американската амбасада во Зимбабве соопшти дека денеска ќе биде затворена, а на својот персонал и своите државјани во земјата им порача да останат во домовите поради политичката нестабилност.
Ново на Сител
-
НБРМ со надолна корекција на растот на македонската економија
-
Петто 4х4 рели во Крушево
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Лилјана Поповска
-
Гордана Силјановска Давкова положи заклетва во Парламентот и ја презеде функцијата претседател
-
Гордана Силјановска Давкова положи заклетва во Парламентот и ја презеде функцијата претседател
-
Ни Северна, ниту Република: Силјановска се заколна во Македонија - стигнаа реакциите
-
Борисов: Мицкоски ми е добар пријател, го повикувам да престане да зборува, изборите поминаа