Loading Video...
Свет
12. May 2024 - 16:41

Преглед на вестите од светот

Израелските одбранбени сили ја продолжуваат прецизната операција против Хамас во Рафах како дел од нашите напори да постигнеме траен пораз на Хамас и да ги вратиме сите наши заложници дома, рече портпаролот на израелската армија. 

Во меѓувреме луѓето кои живеат во градот Рафа во појасот Газа присилно се евакуираат во пресрет на најавената копнена операција. 

Американскиот претседател Џозеф Бајден вчера оцени дека прекин на огнот во војната во Газа ќе биде можен уште утре, доколку Хамас ослободи 128 заложници, кои ги крие на своја територија по нападот на југот на Израел на 7 октомври.

Најмалку 315 жртви е последниот црн биланс по поплавите кои пред почетокто на викденот го зафатија Афганистан

Воздухопловните сили соопштија дека евакуацијата започнала по подобрувањето на временските услови, додавајќи дека повеќе од 100 повредени лица се пренесени во болници.

Над 130 лица загинаа а уште толку се водат како исчезнати во поплавите кои ја зафатија јужната бразилска држава Рио Гранде. 

Погодени се над 400 помали градови и села а повеќе од 2 милиони луѓе се во опасност во оваа сојузна држава во која живеат близу 11 милиони луѓе. 

Нема информации за повредени во големиот пожар кој утрово целосно пеплоса голем трговски центар во главниот град на Полска, Варшава. Во пожарот изгореле над 1.400 продавници. Властите преку СМС пораки го информирале локалното население да не излегува од своите домови и да ги затвори прозорците за да се спречи вдишување на токсичен дим. Вистинска среќа е што трговскиот центар не работел во недела и што освен материјалната штета, веројатно нема да има човечки жртви.