Loading Video...
Свет
13. May 2024 - 12:18

Преглед на вестите од светот

Голема израелска офанзива во Рафа би предизвикала „хаос и анархија“ без елиминирање на палестинското движење Хамас, предупреди американскиот државен секретар Ентони Блинкен, признавајќи дека во војната се убиени повеќе цивили, отколку припадници на Хамас.

Планот што Израел го разработува за Рафа ризикува да предизвика огромна штета на цивилното население без да се реши проблемот. Сè уште ќе има илјадници вооружени припадници на Хамас дури и со интервенција во Рафа, изјави Блинкен за американската телевизиска мрежа Ен Би Си. Toj смета дека Хамас се враќа во областите што Израел ги ослободи на север, дури и до Кан Јунис, рече Блинкен.
Американските власти јавно се заканија дека ќе ја прекинат испораката на одредени категории оружје на Израел, вклучувајќи  и артилериски гранати, доколку Израел започне голема офанзива во преполниот со бегалци град Рафа во јужниот дел на Појасот Газа, на што се противи претседателот Џо Бајден.

Во војната во Газа бројката на убиени израелски војници изнесува 620, додека убиени се нешто помалку 35.000 Палесинци.

Израел го одбележа Меморијалниот ден на загинатите војници во израелските војни и израелските жртви на милитантните напади. Претседателот на Израел Исак Херцог ја предводеше церемонијата во Ерусалим кај Западниот ѕид, каде присутнуите стоеа додека се огласи сирената. Во Тел Авив, членовите на семејствата на израелските заложници во Газа одржаа тивок протест на еден од главните автопати во градот.

Палестинците во Џабалија во северниот дел на Појасот Газа ја напуштаат областа поради израелските наредби за евакуација на луѓето. Многумина од оние што заминуваа, носејќи ги работите што можеа, веќе се раселени неколку пати.Израел испрати тенкови во источна Џабалија, по силни воздушни и копнени бомбардирања, при што загинаа 19 лица, а десетици други беа ранети, соопштија здравствените власти. Џабалија е најголемиот од осумте бегалски кампови во Газа и е дом на повеќе од 100.000 луѓе. 

Рускиот претседател Владимир Путин предложи нов министер за одбрана, номинирајќи го Андреј Белоусов, поранешен вицепремиер, специјализиран за економија. Путин сака Сергеј Шојгу, министер за одбрана од 2012 година  да стане секретар на Советот за безбедност на Русија на местото на актуелниот претседател Николај Патрушев, а тој да има одговорност и за воено-индустрискиот комплекс, соопшти Кремљ.
Поплавите во градското подрачје на бразилскиот град Порто Алегре во државата Рио Гранде до Сул донесоа со себе и низа злосторства, вклучувајќи и грабежи. 

Поплавите се резултат на силниот дожд кој започна пред неполни две недели, а нови врнежи паднаа синоќа, а дополнителни врнежи се очекуваат во текот на денешниот ден. 

Полицијата спроведува патроли во поплавените подрачја кои беа тешко достапни, соопштија властите, потенцирајќи дека полиција ги проверува напуштените куќи и ограбената бензинска пумпа.
Бројот на загинати од обилните дождови се искачи на 143 лица.