Во Штип се реализира проектот „Новини во образованието во турзимот“
Универзитетски професори и студенти од универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, Технолошкиот институт „Александрос“ од Солун, Р.Грција, универзитетот „Асен Тодоров“ од Буграс Р.Бугарија и Свеучилиштето од Шибиник Р.Хрватска ќе изработат национално мени со енергетска вредност на храната, во рамки на проектот „Новини во образованието во туризмот“.
Координаторот на проектот Васко Златковски од универзитетот „Гоце Делчев“-Штип денеска изјави дека овој проект е финансиран преку Програмата „Еразмус плус“, а треба да произлезат две дигитални алатки кои ќе бидат достапни на граѓаните од четирите земји, но и на туристите кои ќе сакаат да ги посетат Македонија, Бугарија, Грција и Хрватска.
- Од реализацијата на проектот се очекуваат две излезни активности. Првата е изработка на Национално мени заедно со калкулатор или со пресметувач на енергетската вредност јадењата кои што се внесуваат во исхраната. Втората алатка која што исто така ќе биде изработена во дигитална форма и се работи за еден инструмент кој што до денеска ретко кој од високите школи го применува во своите наставни програми, а тоа е за обука за хотелско менаџирање, управување, вели Златковски.
Во рок од една година тимовите од четирите универзитети од Македонија, Бугарија, Грција и Хрватска треба да направат истражувања и да ги изработат дигиталните алатки. Учесниците сметаат дека на овој начин со Гастрономското мени ќе се направи и промоција на своите земји. Лидер на проектот „Новини во образованието на туризмот“ е универзитетот “Гоце Делчев“-Штип.
Ново на Сител
-
Локалното население да се едуцира и да се вклучи во гаснење на пожарите
-
Тема на денот со Владимир Симоновски
-
ВМРО-ДПМНЕ: Рудникот е казнет и обврзан да ги преземен сите мерки од А-интегираната дозвола
-
СДСМ бара инспекторатот да побара одговорност од сите инволвирани во хаваријата од рудникот Тораница
-
Четворицата критични пациенти кои се во странски медицински центри и понатаму во тешка состојба
-
Во штипската болница отворен центар за рехабилитација на повредените во пожарот во Кочани
-
Преку измени на закон ќе се регулира користењето на пиротехника во затворен простор
-
Обука на вештаци за подобра експертиза и стекнување лиценци за поквалитетни судски постапки