Балкан
31. December 2016 - 11:50

Во период од една година во Црна Гора е запленета дрога во вредност од осум милион евра

Црногорските инспектори за криумчарење со наркотици во текот на оваа година, до 1 декември заплениле повеќе од два и пол тони дрога, во вредност од над осум милиони евра. 

Раководителот на Одделот за борба против дрога и криумчарење Дејан Кнежевиќ истакна дека станува збор за рекордна заплена на дрога на годишно ниво, но појасни оти балканскиот „хероински коридор“ и шверцерскиот ланец и понатаму се активни, додека „рутата за кокаин“ не поминува во Црна Гора. 

Кнежевиќ нагласи дека Одделот до 1 септември на територијата на Црна Гора запленил два тони и 722 килограми дрога. 

- Во истиот период се поднесени 139 кривични пријави, нагласи Кнежевиќ.