Во Општина Струмица ќе се поделат заштитни маски и прехранбени пакети
Во Општина Струмица ќе се поделат заштитни маски и прехранбени пакети од страна на волонтерите, информираше денес на прес-конференција началникот на Општинскиот штаб за заштита и спасување, Александар Оџаков.
-До Општинскиот штаб за заштита и спасување стигна донација на заштитни маски, кои ќе бидат поделени од волонтерите на Општина Струмица, а се донирани и хуманитарни пакети со основни прехранбени производи, кои, исто така, ќе бидат поделени на граѓани од социјално ранливи категории, рече Оџаков.
На новинарско прашање од кого е донацијата на хуманитарните пакети, Оџаков одговори дека е од семејството Заеви.
-Освен во Општината, вакви пакети се донирани и во другите општини во државата, кои деновиве преку волонтерите ќе стигнат до домовите на социјално загрозените семејства. Од името на општината сакам јавно да му се заблагодарам на семејството Заеви, кое многу пати досега ја потврдило својата хуманост и солидарност и секогаш помагале каде имало потреба од било каква помош, додаде началникот на Општинскиот штаб за заштита и спасување, Александар Оџаков.
Тој упати апел до други компании и граѓани во рамките на нивните можности да помогнат на семејствата кои имаат потреба од прехранбени и производи за лична хигиена. Нагласи дека дистрибуцијата ќе се врши согласно сите мерки за заштита, почнувајќи од пакувањето, па се до доставувањето на семејството, а ќе ја вршат волонтери обучени за ваква испорака.
Вакви пакети ќе се делат до завршувањето на кризата.
Ново на Сител
-
Извештајот на Светска банка го нарушува имиџот на земјава
-
Тема на денот со премиерот Христијан Мицкоски
-
Македонски Телеком креираше иновативно решение за телемедицина, единствено во регионот
-
Во Велес утре ден на жалост за тројцата загинати во сообраќајката кај Катланово - другите пет лица се тешко повредени
-
Таравари бара директорите на Детска и Козле да преземат мерки за докторите кои направиле превид
-
ВО ЖИВО: Голема полициска акција
-
Смена во АНБ
-
Четири општини нема да добијат државни пари - Владата го продолжи рокот за да може да аплицираат дополнително