Во Минхен отворен заеднички албанско-косовски Конзулат
Во германскиот град Минхен е отворен заеднички албанско-косовски Конзулат, кој ќе ги покрива сојузните покраини Баварија, Баден-Виртенберг, Рајнланд-Фалц и Сарланд.
Како што се јави дописникот на МИА, се очекува во ова конзуларно претставништво услуги да добиваат над 30 насто од граѓаните на двете држави кои живат во Германија.
На свеченото отворање на заедничкото диломатско претставништво присуствуваа шеф на албанската дипломатија Дитмир Бушати и неговиот косовски колега Енвер Хоџај, како и Рифат Јашари, брат на поранешниот командат на ОВК, Адем Јашари.
Бушати и Хоџај нагалсија дека Козулатот претставува значаен чекор во рамки на стратешкото партнерство меѓу Албанија и Косово и јасен показател за нивната „волја да бидат што поблиску до сонардниците, нудејќи им што поквалитетна и потранспаретна услуга“.
Првиот заеднички албанско-косовски Конзулат беше отворен во септември 2014 година во италијанскиот град Милано.
Ново на Сител
-
СДСМ избира раководство
-
Тема на денот со британскиот амбасадор Метју Лосон
-
Унијата здруженија на медицински сестри реагира на договорот на ФЗО и ЗПЛРМ матични во мали места да работат без сестри
-
Преглед на вестите од светот
-
Нова Комисија, стари правила
-
Мицкоски: Не отстапуваме од црвените линии
-
Попов: Постои само една Академија на науките и уметностите, тоа е МАНУ
-
Дигитализацијата како лек