Европол разби меѓународна балканска мрежа за шверц на кокаин
Во меѓународна операција која ги опфати Босна и Херцеговина, Хрватска и Србија, е разбиена криминална мрежа која шверцувала кокаин од Јужна Америка во Европската Унија, соопшти Европол.
Акцијата резултираше со апсење на 11 лица, заплена на повеќе од еден милион евра и откритија кои потврдуваат дека криминалните групи од Балканот се длабоко поврзани со глобалната трговија со дрога.
Клучен момент во истрагата беше заплената на над половина тон кокаин во пристаништето Плоче во март 2021 година, со проценета вредност од 50 милиони евра. Според Европол, дрогата била сокриена во модифициран товарен контејнер, што покажува високо ниво на организација.
Операцијата вклучуваше апсење на барани лица, заплена на оружје, луксузни возила, часовници и пари, како и откривање на корупција меѓу цариниците.
Европол информира дека операцијата е дел од поширока стратегија за борба против организираниот криминал.
Ново на Сител
-
Најмалку 56 загинати во новите израелски напади низ Газа
-
Вучиќ прогласи победа на „студентите кои сакаат да учат“; Брнабиќ: Протестот на блокадерите заврши со повик за граѓанска војна
-
Јаневска ќе реферира за работата на Министерството за образование и наука во изминатата година
-
Претежно сончево со засилен ветер од северен правец
-
Хамнеи: Исламската нација никогаш нема да им се предаде на САД
-
Добри пари за добар фудбал | Масар Омерагиќ | Неформално | Sitel Podcast 100
-
Стотици илјади луѓе се собраа на 30-годишнината од Парадата на гордоста во Будимпешта и покрај забраната
-
Бројни полициски тимови распоредени низ Белград