Европол разби меѓународна балканска мрежа за шверц на кокаин
Во меѓународна операција која ги опфати Босна и Херцеговина, Хрватска и Србија, е разбиена криминална мрежа која шверцувала кокаин од Јужна Америка во Европската Унија, соопшти Европол.
Акцијата резултираше со апсење на 11 лица, заплена на повеќе од еден милион евра и откритија кои потврдуваат дека криминалните групи од Балканот се длабоко поврзани со глобалната трговија со дрога.
Клучен момент во истрагата беше заплената на над половина тон кокаин во пристаништето Плоче во март 2021 година, со проценета вредност од 50 милиони евра. Според Европол, дрогата била сокриена во модифициран товарен контејнер, што покажува високо ниво на организација.
Операцијата вклучуваше апсење на барани лица, заплена на оружје, луксузни возила, часовници и пари, како и откривање на корупција меѓу цариниците.
Европол информира дека операцијата е дел од поширока стратегија за борба против организираниот криминал.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Со реформи до поефикасна Администрација
-
Се готви новогодишната потрошувачка кошничка
-
Синдикатот не се откажува од барање за раст на минималната плата
-
Преглед на вестите од светот
-
Реформа на администрацијата
-
Средба Сиљановска – Филипче
-
Тема на денот со Александар Николовски, министер и потпретседател на ВМРО ДПМНЕ
-
37 години чекала бебе – скопјанка за прв пат роди на 61 и е највозрасната прворотка во Македонија