Преглед на вестите од светот
Прекинот на огнот меѓу Израел и Хезболах стапи на сила денеска – утрово во 2 часот по Гринич. Прекинот на огнот ветува дека ќе стави крај на конфликтот преку израелско-либанската граница во кој загинаа илјадници луѓе откако започна војната во Газа минатата година. Американскиот претседател Џо Бајден рече дека двете страни го прифатиле договорот постигнат со посредство на САД и Франција. Притоа додаде дека „Израел не ја почна оваа војна“, а ни либанскиот народ.
Од почетокот на војната со Хезболах, повеќе од 70.000 Израелци и над 300.000 Либанци беа принудени да живеат како бегалци. Најавите се дека двете страни и натаму се ма највисоко ниво на подготвеност. Вестите утрово од Либан и Бејрут се разликуваат од претходните.
Забележливо е дека Либанците во Тир слават, со свирење на сирените од автомобилите и на луѓе кои ги отпоздравуваат, а дел од нив се појавија и со знамиња на Хезболах. Израел и либанската вооружена група Хезболах треба да спроведат прекин на огнот како дел од договорот односно 60-дневно примирје за ставање крај на повеќе од една година непријателства. Во конфликтот загинаа илјадници луѓе од двете страни на границата.
Израелскиот премиер Нетанјаху во своето обраќање истакна дека во Либан, Хезболах повеќе не е истиот, додавајќи дека израелската војска убила високи команданти и Насрала, поранешниот лидер на Хезболах. Израел, исто така, уништи инфраструктура на Хезболах и „нападна клучни цели“.
Во Израел жителите го поздравија примирејето со напомена дека примирје очекуваат и во Газа. Висок претставник на палестинската група, Хамамс поздравувајќи го прекинот на огнот што се воспостави во Либан, изјави дека и Хамас е подготвен да постигне прекин на огнот во Газа.
Во руски напад загинаа двајца цивили во градот Суми во североисточна Украина во вторникот рече претседателот Володимир Зеленски, при нападот на ракетен систем бил погоден сервис за автомобили.
Соединетите Држави продолжуваат да ја зголемуваат безбедносната помош за зајакнување на одбраната на Украина на исток, изјави државниот секретар Ентони Блинкен за време на состаноците со Г7.
-
Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар