Македонија
25. April 2019 - 13:45

ВМРО-ДПМНЕ: По поразот во Скопје Заев се заканува дека ќе брка луѓе од администрацијата

Преку свои луѓе, премиерот Зоран Заев вршел притисоци и закани до вработени во администрацијата на град Скопје за вториот изборен круг, обвинува опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Според нив деновиве биле одржувани состаноци со вработени во град Скопје од кои вило барано на 5-мај да гласаат за Пендаровски. 

Од партијата велат дека причината за заканите биле  последните резултатие од изборите кои покажале дека скопјани се определиле опозициски и професорката Силјановска Давкова добила 5.500 гласови повеќе од кандидатот на Заев. 

Скопје им даде црвен картон на Заев, Пендаровски и Шилегов, рекоа од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Катерина Нешкова