Loading Video...
Балкан
21. November 2024 - 16:36

Министерот за транспорт и уште 10 лица уапсени во Нови Сад

11 лица меѓу кои и министерот за транспорт се уапсени во Србија за несреќата на железничката станица во Нови Сад во која загинаа 15 луѓе

Локалното обвинителство соопшти дека по спроведената истрага поднесени се повеќе кривични пријави за тешки дела против општата безбедност, предизвикување општа опасност и неправилно градење. Меѓу уапсените, покрај министерот за транспорт се и неговата помошничка како и последните двајца директори на железницата

Министерот Весиќ на социјалните мрежи утрово демантираше дека е уапсен.
„Не сум уапсен, доброволно сам се јавив на позивот на полициските службеници со кои дојдов во Нови Сад и се ставив на располагање на истражните органи како би биле до крај истражени сите околности кои доведоа до несреќата во нови САД. Како и до сега, секогаш ќе бидам на располагање на надлежните органи и ќе докажам дека не сносам кривична одговорност за овие трагични настани“ – напиша Весиќ на социјалните мрежи.

Рушењето на настрешницата на почетокот на месецов предизвика масовни протести во Нови Сад. Тензично беше и утрово, додека опозицијата протестираше пред локалното обвинителство

Српскиот Претседател Вучиќ ја обвини опозицијата за дестаблизиација и повика на смиреност

Министерот за градежништво и транспорт Весиќ си поднесе оставка уште на 5 ноември, неколку дена по несреќата во која загинаа 15 лица а две се уште се борат за живот.