Киев: Русија лансираше интерконтинентална балистичка ракета - Москва молчи
Русија рано утрово лансираше интерконтинентална балистичка ракета врз украинскиот град Днипро, тврдат украинските власти. Зеленски вели Путин се плаши штом одлучи да употреби такво моќно оружје по прв пат во 33 месечната војна, а во нападот погодени се индустриски објект и центар за реахабилитација за лица со посебни потреби.
- Денеска имаше нова руска ракета. Сите карактеристики – брзина, надморска височина – се на интерконтинентална балистичка ракета. Во моментов се врши вештачење . Очигледно е дека Путин ја користи Украина како полигон за обука. Очигледно е дека Путин се плаши кога околу него едноставно има нормален живот. Кога луѓето едноставно имаат достоинство. Толку се плаши што веќе користи нови проектили. изајви Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Официјално Москва засега молчи за нападот. Информацијата сепак, иако индиректно ја потврди портпаролката на Руското МНР Марија Захарова, на која за време на утринскиот брифинг со новинарите и беше јавено да не коментира ништо за тоа.
Западен функционер за СИБИЕС Њуз пак изјавил дека ракетата истрелана кон Украина била балистичка, но не и интерконтинентална балистичка ракета. Интерконтиненталните балистички прокетили можат да поминат над 5500 км и можат да носат и нуклеарна боева глава. Според украински медиуми, Москва го лансирала типот Рубеж со домет од 5800 км. По американските проектили Атакмс, Украина почна да ја напаѓа Русија и со британските крстувачки ракети Сторм Шадоу соопшти руската армија.
Но британската и украинската влада одбија да ги потврдат или негираат информациите дека украинските сили истрелале проектии Стром Шадоу “ кон Русија.
Утрово САД ја отоври амбасасдата во Киев која вчера ја затворти поради добиана информација за потенцијален голем воздушен напад на 20 ноември на украинската престолнина.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар