Loading Video...
Свет
18. November 2024 - 20:08

Преглед на вестите од светот

Ако Украина ја гаѓа Русија со проектили обезбедени од САД, ќе сметаме дека нападот го извела Америка и ке реагираме соодветно.  Ова е  реакцијата на  Кремљ по   извештаите на Ројтерс и Њујорк Тајмс   дека  Вашингтон   дал зелено светло Украина да напаѓа одредени цели  длабоко во Русија со  проектили со дострел од 300 км., Атакмс.  Портпаролот на Путин, Песков дециден -   Русија со месеци му кажува на Западот како би ја протолкувала таквата одлука и дека тоа ќе го зголеми ризикот од конфронтација со НАТО алијансата предводена од САД.

-Засега има само извештаи во западните медиуми. Но, очигледно е дека администрацијата во заминување во Вашингтон има намера - како што рековме претходно - да продолжи да додава масло на огнот и дополнително да предизвика ескалација на тензиите околу овој конфликт. Ако се донесе оваа одлука, тоа нема да значи ништо помалку од директното учество на земјите од НАТО, САД и европските земји во војната во Украина. Имајќи ја предвид промената на самата суштина на овој конфликт, ќе донесеме соодветни одлуки врз основа на заканите што ќе ни се создадат.

Белата куќа ниту ги потврди нуту ги демантираше написите на Ројтерс и Њујорк Тајмс, но Зеленски навести дека добил дозвола од САД да користи нивнито оружје со долг дострел против Русија. Според изорите  на Ројтерс  Украина  со проектилите Атакмс  ќе може да напага само во Курск а првите нападите би можела да ги изврши во анредните денови. Зеленски навести дека добил

-Денес многу се зборува во медиум ите за тоа дека сме добиле дзовола за соодветни дејствија. Но ударите не се прават зборови. Таквите работи не се најавуваат. Ракетите сами ќе зборуваат, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Нема комнтар за медиумиските извешати од новоизбраниоет американски претседател ТРамп. Аналитичарите велат  дека   Бајден ќе се обиде да и помогне на Украина што е можно повеке   до 20 јанаури, пред  ТРамп да дојде на власт кој во камампара најави кратење на воена и финссиската подрчка за Украина во војната со Русија.

„Очигледно, ова може да се промени од Доналд Трамп кога ќе дојде на власт во февруари. И се чини дека е веројатно, судејќи според твитовите и судејќи според неговите назначувања , аналитичар.

Според аналитичарите, украинските  напади длабоко  во Русија со американско оружје со долг дострел нема да го направи Киев победник во војната, но може да му помогнат  да ги задржи освоени места  во Курск   и со тоа Украина  да биде во подобра преговарачката позиција доколку се случат разговорите  за прекин на огнот.

Тоа е огоромен чекор. Украинците се огромно олеснети, но тоа е не е менувач на играта што се однесува до војната, изјави аналитичар.

Според Шефот на европската дипломатијата, земјите членки на ЕУ треба да и дозовлат на Украина да го користи испорачаното оружје за да гаѓа воени цели во Русија.

Постојано велев  дека Украина треба да може да го користи оружјето што и го дадовме за, не само да ја запре стрелата, туку и да може да ги погоди стрелците. Се надевам дека земјите-членки ќе се согласат за тоа, а ако не, секој ќе направи се што верува дека е во согласност со потребата да се поддржи Украина, изјави Борел.

Франција  навести  дека  ке дозволи  со нивно Украина  да ја напага  Русија, додека Германија, вториот најголем, донатор на воена опрема за Украина по САД, објави дека нема да ги испрати ракетите  Турсус поради став од ескалација на конфликтот со Русија.