Loading Video...
Свет
16. November 2024 - 16:28

Преглед на вестите од светот

Со Трамп како претседател на САД, војната ќе заврши побрзо, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за украинскиот „Сусплин“.

„Војната ќе заврши, но нема одреден датум. Се разбира, со оваа политика тимот, кој сега ќе управува со Белата куќа, војната ќе заврши побрзо“- кажал украинскиот претседател.

Германскиот канцелар пак, Олаф Шолц синоќа оствари прв телефонски разговор по две години со рускиот претседател Владимир Путин, да ги повлече своите сили од Украина и да започне разговори со Киев за траен мир.

Зеленски го предупредил Шолц да не разговара со Путин, но и дека со телефонскиот разговор ќе се отвори “Пандорината кутија”.

Канцеларот Шолц ми кажа дека ќе му се јави на Путин. Повикот на Олаф, според мене, е Пандорината кутија. Сега може да има други разговори, други повици. Само многу зборови. И токму тоа го сака Путин одамна: за него е исклучително важно да ја ослабне својата изолација, изолацијата на Русија и да ги води разговорите како обични разговори кои нема да имаат никаков резултат, како што го правеше тоа со децении.

 

Министерот за здравство на Хрватска, Вили Берош доби едномесечен притвор, откако вчера беше уапсен под сомнение за корупција. Притвор во времетраење од еден месец доби и претприемачот Саша Поздер. Сега веќе разрешениот министер Барош, се сомничи дека во замена за митото што го добивал издавал одобренија за набавка на медицински роботски апарати за три болници. Станува збор за сума од околу 75.000 евра.

Во истрагата се вклучени и ѓефот на загрепската невролошка клиника и член на управата на поликлиниката Загреб, но за нив не е побаран притвор.

При влегувањето во судот, Берош беше прашан од новинарите дали се чувствува виновен за она што го обвинуваат, на што тој одговори „не“. Запрашан да ги коментира обвинувањата, рече дека ги смета за неосновани.

 

Десет новороденчиња загинаа во пожар во Индија, а 16 се борат за живот. Пожарот го зафатил неонатолошкиот оддел на болницата во градот Џанси. Веројатна причина за пожарот е краток спој, кој брзо се проширил во одделението каде што имало 55 новороденчиња.

„Десет новороденчиња починаа, од кои седум се идентификувани, но три допрва треба да се сторат. Доколку е потребно, ќе се направат ДНК тестови и нашата влада стои на страна на жртвите и нивните семејства во ова време на потреба. Дадовме инструкции да го истражиме инцидентот“.

Прелиминарната истрага покажа дека на апаратите за гаснење пожар во одделението им истекол рокот пред четири години, додека алармите за пожар не се вклучиле кога избувнал пожарот, што ги одложило напорите за евакуација, објавија локалните медиуми.