Loading Video...
Свет
12. November 2024 - 16:38

Преглед на вестите од светот

Најмалку 35 лица загинаа а  над 40  се повредени во кинескиот град  Џухај, кога џип намарно влетал во тлопа луѓе пред стадион. Возачот е уапсен, при обидот да побегне од местото на инцидентот.  Полицијата го истражува мотивот.

Со 50 000 руски и севернокорејски војници Москва ја спроведува контраофанзивата во Курск. Според руски медиуми, претседателот Путин дал јасни насоки. Украинските војници мора да бидат протерени од  рускиот  регион  до крајот на годината. Киев јавува за  жестоки битки.   Украина изврши упад во Курск во август, заземајќи  повеќе населени места во регионот.

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп најверојатно ќе го назначи сенаторот од Флорида Марко Рубио за  државен секретар , јавуваат американските медиуми и оценуваат дека тоа ќе биде лоша вест  за Киев.. Во моментов е потпретседател на Комитетот за разузнавање на Сенатот на САД.  Во неодамнешните интервјуа , 53 годишниот Рубио рече дека Укрина треба да бара пријателско решение со Русија, а не да се фокусира   на враќање на целата територија што Русија ја зазеде во последната деценија.  Тој исто така  беше еден од 15 те репубикански сенатори кои гласаа  против пакетот воена помош од 95 милијарди долари за Украина.

Најмалку 35 лица загинаа а  над 40  се повредени во кинескиот град  Џухај, кога џип намарно влетал во тлопа луѓе пред стадион. Возачот е уапсен, при обидот да побегне од местото на инцидентот.  Полицијата го истражува мотивот.

Германија планира да одржи предвремени парламентарни  избори на 23 феврури 2025 година по распадот  на  коалицијата на канцеларот Олаф Шолц составена од Социјалдемократите, Зелените и Либералите пред една недела. За тој датум се договориле  пратеничките групи на    Социјадемократите  и опозициските демохристајани.  Датумот мора официјлано да се потврди од претседателот Франк Валтер Штајнмаер, но тоа се смета за  формалност.    Доколку сега се оддржат избори во Германија,  демохристјаните   би освоиле најмногу гласови 32 отсто потоа Алтернатива за Гермаија  19 отсто. Сојијдемократите  на Шолц 15 отсто  додека Зелените би осовиле 11 отсто покажуваат анкетите   по распадот на владејачката коалцијата.