ВМРО-ДПМНЕ: ЕУ порача дека без суштински реформи државата нема да почне преговори
Преговорите за членство во ЕУ не почнуваат, а Заев прифати бришење на името Република Македонија. Тоа е доказ дека обезличувањето на сопствената држава и народ не може да биде покритие за неспособноста, расипништвото и криминалот на власта.
Зоран Заев ја распродава државата на надворешен план и ја уништува дома.
Економијата е на дно. Повеќе од една година растот на БДП е нула, платите паѓаат, а цените на производите на мало растат. Стандардот на граѓаните е се понизок.
Заев спроведува економски геноцид. Граѓаните живеат се посиромашно, а фирмите на Заеви и Анѓушев влегуваат во милионските бизниси со наркотици, купуваат индустриски гиганти по цена од една гарсониера и добиваат милионски тендери од државата.
Фирмите кои донирале на СДСМ наплаќаат милиони евра од граѓаните.
Градежништвото повеќе од една година оди во надолна линија.
Падот на нискоградбата е 37%. Сите инфраструктурни проекти почнати во време на ВМРО-ДПМНЕ неосновано се запрени.
Земјоделието е на колена. Земјоделците се понижени. Откуп нема. Родот на земјоделците наместо на пазар завршува на буниште. Од ураганот СДСМ пострадаа оризопроизводителите, производителите на зелка, краставица, домати, а сега и на лубеница.
Правната држава е деградирана. Правосудните органи не одлучуваат по закон, туку по диктат.
Неспособноста на власта е констатирана и од ЕУ. Унијата јасно порача дека без суштински реформи државата нема да добие почеток на преговори. Заев и Димитров ја лажат и ја манипулираат јавноста. Заев и Димитров трајно ја нарушија позицијата на Република Македонија и ги понижија граѓаните.
Зоран Заев потроши повеќе од една година од животот на граѓаните на Република Македонија, а за жал не направи ништо. Зоран Заев мора час поскоро да си замине, за на Македонија да и тргне напред. Македонија мора да победи и ќе победи.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
______________________________
Ново на Сител
-
Не се срамев од работа, успеав на село со свој бизнис | Сања Димковска | Sitel Podcast 041
-
Тројно убиство во Србија: 22 годишник со ловечка пушка ги убил татко му, дедото и бабата
-
МЗ: Владата усвои информација за состојбата во хируршките клиники, се укажува да се замени опремата на централната компресорска станица со нова
-
Во полициска акција во шест европски земји уапсени 17 членови на албанска нарко организација
-
Тешко повреден работник во фирма во Скопје
-
Финансиска и логистичка поддршка за македонскиот олимписки спорт од меѓународните олимписки организации
-
239 куршуми одземени од кичевчанец
-
Малолетно девојче нападнато и ограбено во Аеродром