Македонија
6. јуни 2024 - 16:37

239 куршуми одземени од кичевчанец

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против И.Б.(30) од кичевското село Лисичани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со оружје при ОВР Кичево пронајдоа и одзедоа 239 куршуми различен калибар, кои неовластено ги поседувал, соопшти МВР.