Македонија
19. јуни 2024 - 16:39

Политичките аналитичари со позитивни критики за одлуката на Мицкоски

Позитивен исчекор на Мицкоски, кој ќе го растерети од можни идни проблеми на меѓународен план, но и ќе отвори можност дома наместо на политички препукувања да се посвети на реформи. Вака полититчките аналитичари го коментираат потегот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и иден мандат во премиерската заклетва во недела, по изборот на неговата Влада, да го искористи уставното име на државата.

Мицкоски вчера во интервју за Сител ја објави одлуката сдека во заклетвата ќе користи уставнот име со се придавката. Таква употреба најави и за во странство, но и дека во неслужбената комуникација ќе го користи само името Македонија. Истиот став го пвотори и денеска.

Ваквата одлука на Мицкоски е спротивна на она што претседателката Силјановска Давкова  го направи во својата заклетва за шеф на државата, кога на местото каде што требаше да се употреби државното име, таа рече само Македонија, што пак, предизвика низа грчки, но и меѓународни реакции.

Но, и ставот на мандатарот имаше одек во Грција.  Додека за македонските медиуми новина беше ставот на Мицкоски да го користи уставното име во заклетвата, грчките медиуми го пренесуваат ставот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, но со акцент на тоа дека тој во интерна употреба и во своите изјави ќе го користи само терминот Македонија.

Така онлајн изданијата на повеќе грчки медиуми имаат наслови како: Христијан Мицкоски инсистира на терминот „Македонија“-за викендот новата Влада“; „Само во контактите со странските лидери, Мицкоски ќе го користи Северна Македонија“; „Мицкоски: Усно „Македонија“, писмено Северна Македонија“; „Мицкоски: Во странство ќе го користам уставното име, дома само „Македонија“; „Скопје: Мицкоски ја продолжува играта околу името на земјата“.

Паралелно, грчката медиуми го објавуваат и докумнетот што Мицкоски го испратил до собрниаскиот спикер Гаши за предлог Владата, а во кое стои Република Северна Македонија.

Седницата за избор на Владата на Мицкоски веќе и официјалнл е закажана за во сабота, а расправата трае два дена. Се очекува изборот да биде направен во недела пред полноќ, кога Мицкоски и избрнаите мнистрите ќе треба да ја дадат заклетвата дека ќе ги почитуваат Уставот и законите.