Викендов во Скопје 39 сообраќајки со еден загинат и 34 повредени
Во текот на изминатите три дена на подрачјето на СВР Скопје се случиле 39 сообраќајни незгоди од кои во една на лице место загина пешак, во две со тешки повреди се здобиле еден сопатник на мотоцикл и двајца сопатници, додака четворицата возачи поминале со полесни повреди, како и 17 сообраќајки во коиполесно се повредени 27 лица.
Сообраќајната полиција во петокот изврши увид на 15 сообраќајни незгоди од кои во една на лице место починал еден пешак.. Во седум со полесни повреди се здобиле седум лица, а седум незгоди се само со материјална штета.
Како што информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељановски, во саботата извршен е увид на вкупно 13 сообраќајни незгоди, од кои во пет со полесни повреди се здобиле 10 лица, а шест се со последица материјална штета.
Се случиле и две незгоди со последица тешка телесна повреда. Во првата со тешки телесни повреди се здобиле еден сопатник на мотоцикл, а со телесни двајца возачи на мопед и мотоцикл. Во втората двајца сопатници се здобиле со тешки телесни повреди, а двајца возачи со телесни повреди.
Вчера е извршен увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди, од кои шест се со последица материјална штета,а во пет со полесни повреди се здобиле 10 лица.
Во текот на изминатите три дена од страна на сообраќајната полиција, откриени се поголем број на прекршоци. Санкционирани се 98 возачи кои со возилото се движеле со брзина поголема од дозволената, 17 возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, тројца возачи поминале на црвено светло на семафор, а седум возачи не ги почитувале правилата за престигнување.
Затекнати се и 17 возачи кои за време на управување на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл не носеле заштитен шлем.
Со помош на специјалното возило пајак, во текот на овие три дена отстранети се 91 возило кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.
Ново на Сител
-
СДСМ бара нула данок за основната храна, предлог кој го одбија лани од ВМРО ДПМНЕ
-
Јавна расправа: Има ли спас за студентските домови во Македонија?
-
Жители на Батинци: Живееме како во контејнер оти Дрисла пушта канцерогена вода во Маркова Река
-
Хирурзи и специјалисти од приватни болници се враќаат во државното здравство
-
Кривични пријави против Вучиќ, Брнабиќ и Вучевиќ
-
Преглед на вестите од светот
-
Филипче: СДСМ се подготвени за избори
-
Меџити: Има стабилно мнозинство, предвремени парламентарни избори се само трошок за државата