Јавна расправа: Има ли спас за студентските домови во Македонија?
Додека европските држави дебатираат за внесување на вештачката интелигенција во студентските домови за да го олесни животот на младите, во Македонија поимот стабилен интернет во домовите претставува квантна физика. Топлата вода станува луксуз, местото редок оброк. Во Гоце Делчев функционира само еден лифт, кој чека да му биде извршен сервис. Домот нема пари за да се поправи другиот.
Лошите услови во кои живеат студентите, а кои во март годинава ги нотираше и државниот ревизор, според директорот на домот Скопје, се должат на недомаќинско работење на неговите претходници.
Во меѓувреме, министерката за образование и наука најавува нов закон за студентскиот стандард за следната година, со кој се очекува значително да се подобрат условите во кои живеат студентите. Во тек е реконструкција на Кузман, се очекува наскоро да започне и градежна офанзива во Стив Наумов. Покрај овие два, до крајот на мандатот Јаневска најави реконструкција на уште седум домови низ Македонија.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар