Македонија
4. November 2024 - 17:02

СДСМ бара нула данок за основната храна, предлог кој го одбија лани од ВМРО ДПМНЕ

СДСМ поднесе закон за намалување на цените на основните прехранбени производи. Бараат ДДВ то од 5 да биде нула отсто, со што, според нив, граѓаните месечно ќе заштедат  до 2,000 денари. Во предлогот се опфатени над 250 категории производи, а на ваков чекор се одлучиле откако владините мерки за поевтинување на храната не  вродиле со плод.

„По еден месец, владината мерка за наводно поевтини основни прехранбени производи, се покажа како целосно неефикасна. Потрошувачката кошничка се намали само за 57 денари додека истовремено платите паѓаат. Реалноста е дека голем дел од цените не се намалија, некои се намалија минимално, а за некои производи цените дури и се зголемија“,изјави Венко Филипче, престедател на СДСМ.

Пред само една година, кога беа на власт, токму СДСМ го зголеми данокот на над 2,000 производи од 5 на 10 %. Го нарекоа данок на луксуз, иако на списокот имаше продукти за секојдневна исхрана. Тогаш ВМРО ДПМНЕ , како опозиција, го поднесоа истиот предлог до власта, но 4 пати им беше одбиен,. Сега, од позиција на власт велат дека нема да подржат вакво законско решение.

Ние како пратеничка група нема да поддржиме едно вакво законско решение, бидејќи продолжува дневно политичко препукување со економски теми од истите луѓе кои што ја донесоа Македонија во ваква девастирана економска состојба.Ваквите законско решенија не придонесуваат за зголемување на квалитетот на живот на граѓаните, туку за креирање на дневно политички теми, преку законски решенија полни со технички грешки, кои што потоа се поправаат на наредните прес-конференции, проследени со извинување, изјави Бојан Стојаносвки, ВМРО ДПМНЕ.

Пониски цени за граѓаните ќе има откако ќе биде комплетирана Комисијата за заштита на конкуренцијата,  која ќе следи како се спроведува Законот за нефер трговски практики, вели Стојановски. Сепак, за непочување на законот, казни ќе има дури од следната година.