Loading Video...
Балкан
4. November 2024 - 17:01

Кривични пријави против Вучиќ, Брнабиќ и Вучевиќ

Српското Обинителство продолжува со истрагата за причините за трагедијата во Нови САД во која загинаа 14 лица,а три лица се уште во тешка состојба. Досега сослушани   40 тина луѓе во истрагата за   уривањето на бетонскаат настрешница  на железничката станица. Меѓу нив  и министерот за градежништво, транспорт и инфраструкутра Горан Весиќ.

Опозициското движење Крени Промени поднесе кривична пријава против претседателот на Србија, Вучиќ, премиерот Вучевиќ и спикерката Брнабиќ. Крвичните пријави против функционерите се поднесени затоа  што подносителите сметаат  дека треба да се утврди целиот синџир на одговорност кој доведе до несреќата.

-Потребно истрагата да тргне од договорот кој е противправно таен и го поставува прашањето зошто одобрението за градба е симнато од регистарот. Исто така, тој вели дека треба да може да се навлезе во секоја спецификација и да се погледнат референтните цени - што би било во интерес на надлежните, бидејќи на тој начин ќе ја докажат својата невиност, доколку се невини изјави Саво Манојловиќ, лидерот на движењето Крени Промени.

Опозициското движење Крени Промени  поднесе   и  повеќе кривични пријави против непознати сторители поради сомневање за коруптивни дејствија поврзани со реновирањето на железничката станица.  Надлежните органи ке утврдат кој е одговорен за трагедијата  порача претседетолот  Вучиќ.

Сигурен сум дека надлежните органи ќе утврдат кој е кривично одговорен за трагедијата што ја снајде државата, изјави Александар Вучиќ, претседател на Србија.

Во моментов главната полемика се води за прашањето за настрешницата што се урна, дали е реконструирана или неа. Властите и претставници на кинеската компанија која ја реконструираше Железничката станица тврдат дека настрешницата не била опфатена со реконструкцијата а инжинерите и гражаните го тврдат спротивното, дека е реконстрирана. Реконструкцијата на Железничлката станица беше завршена во јули годинава а  за надзорот  била задолжена унгарска фирма.

Несреќата во Нови Сад се случи во петокот претпладне, околу 11:50 часот. Натстрешницата на Железничката станица падна врз луѓе кои стоеја пред објектот. Меѓу нив беше и Васко Саздовски, македонски државјанин кој живеел и работел во Нови Сад, во институтот БиоСенс.