Хирурзи и специјалисти од приватни болници се враќаат во државното здравство
Хирурзи и специјалисти кои со години работат во приватни болници се враќаат во јавното здравство. Дел од нив веќе потпишале финансиски согласности во Фондот за здравствено осигурување. Со одлука на Влада, овие лекари кои во минатото ги напуштија клиниките за подобри услови во приватниот сектор, добиваат можност да се вратат каде што почнале. Министерот Таравари засега не открива имиња, но вели тоа се специјалисти за кои директори на клиники ќе кажат дека имаат потреба од нив.
Неврологија, во ГОБ 8-ми септември инфектолог ќе се враќа, им треба, овие се во моментот што се сеќавам, но се десетина колеги приближно. Треба потпис од болницата каде што работи, воглавно тоа се поголемите болници приватни во државата, вели Арбен Таравари, министер за здравство.
-Бидејќи се потпишува финансиска согласност за трансферот, незнам точна бројка но имавме потпишани согласности а и директори на болници ни најавија да очекуваме во скоро време, изјави Сашо Клековски, директор на Фонд за здравствено осигурување.
Освен враќањето на лекари во државното здравство, од Владата најавуваат подобрување на повеќе сегменти во системот. Денеска премиерот со министерот за здравство и директорот на Фондот остварија средба со двата репрезентативни здравствени синдикати.
Разговарале за положбата на докторите и останатиот здравствен перслонал, потребата од зголемување на платите и поголема рамномерност во ангажирањето на здравствените кадри.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар