Верниците среќни по мисата на папата Франциск во Скопје
Граѓаните од земјава и верниците од странство изразија задоволство од мисата што претпладнево на плоштадот „Македонија“ во Скопје ја служеше поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск.
Марија од Загреб смета дека се поминало во најдобар ред.
– Литургијата помина одлично. Многу убаво. Прекрасно беше. Срцето ми е полно. Првпат сме во Македонија, изјави Марија.
Маријана од Загреб по мисата ни изјави дека сакале да ги посетат нашата држава, Скопје и да го видат папата.
– Се помина во ред. Овде имаме некои работи кои не смеевме да ги носиме со себе, не знаевме. Ги оставивме и се најдовме. И многу сме задоволни и се е во ред, изјави Маријана од Загреб.
Александра Ристовски, стручен соработник во Црвениот крст на Град Скопје изјави дека на градскиот плоштад „Македонија“ медицински го обезбедуваат целиот настан.
– Присутни сме со околу 80 лица кои се волонтери и дел од стручната служба. Поголемиот дел од луѓето се парамедици и лекари кои имаат одредено искуство и за вакви ситуации тоа е добредојдено и може да се употребува. Поставени сме на неколку локации и секој од секторите на плоштадот е покриен со одреден број на овие лица. Поставени се и неколку шатори што се како логистички центри доколку е потребен некој транспорт, лицата да бидат пренесени, рече Ристовски. Посочи дека и неколку возила од возниот парк на Црвениот крст на Град Скопје се во функција доколку е потребен транспорт.
Ристовски посочи дека времето е убаво и оти не очекуваат сериозни нешта и се подготвени. Додаде дека досега имале само една жена на која и се слошило зошто немала појадувано и била пренесена до шаторот на Црвениот крст, каде и била дадена потребната нега и е згрижена.
Наташа од Битола непосредно пред почетокот на мисата изјави дека се организирале од католичката црква и имало бесплатни автобуси и влезници.
– Имаше интерес од граѓаните. Имаше повеќе автобуси, можеби пет. Добро патувавме до Скопје, без проблем. Папата првпат доаѓа. Тоа значи дека нешто се случува, има промена. Постоиме како земја. Некој се сетил на нас, рече таа. Според неа, посетата на папата Франциск има големо значење за нашата држава и за верниците, без разлика на религијата.
Катарина Бошњак има 20 години и пристигнала во Скопје со младите од Босна и Херцеговина. Таа е волонтер и реле дека тоа е убаво искуство за неа.
Карла Ковач од Хрватска има 14 години и изјави дека пристигнале во Скопје и се организирале како жупа за да го видат папата. Додаде дека било напорно и патувале околу 10 часа. Нејзината пријателка Теа Чанчар од Осиек, пак, посочи дека се тука за до го видат папата и неговото доаѓање во нашата држава.
Ново на Сител
-
Владата го скрои Предлог-буџетот за 2025: Раст од 3,7%, рекордни 6,5 милијарди евра за расходи
-
Тема на денот со Бобан Стефковски, градоначалник на Општина Гази Баба
-
Предлог Буџетот на владина седница – не се предвидени пари за зголемување на функционерските плати
-
Мицкоски го добил писмото од Ахмети
-
Силјановска се консултира за нова Комисија за помилување, реформите ќе почекаат
-
Министерството за правда работи на Законот за помилување
-
Опозициските партии реагираат - чија е заслугата за изградба на Коридорите 8 и 10?
-
60 компании под истрага, злоупотребиле пари за фантомски проекти, вели директорот на ФИТР