Владата го скрои Предлог-буџетот за 2025: Раст од 3,7%, рекордни 6,5 милијарди евра за расходи
Раст од 3,7%, инфлација од 2,2%. Владата го скрои предлог-буџетот за идната 2025 година и се очекува да го испрати до Собранието.
Министерката за финансии вели дека буџетскиот дефицит ќе се стабилизира на 4% од Бруто домашниот производ. Расходите се планирани на 6,5 милијарди евра, што е раст за 10%, а приходите ќе пораснат за 13% на 5,82 милијарди евра.
За капитални инвестиции проектирани се рекордни 823 милиони евра. Токму оваа ставка, според Димитриевска Кочоска, гарантира економски раст. Уверува дека кога ќе се прави ребаланс на Буџетот на средина на годината, нема да се крати оваа ставка која во годините наназад беше прва од каде се кратеа пари поради лошата реализација на капиталните инвестиции.
-Не може да се крати од оваа ставка зашто пред сѐ, најмногу средства имаме предвидени од кредити. Не знам колку претходно го давале Буџетот во детали, но во претходните години никогаш со кредити не биле финансирани толку проекти колку што се сега. Ако земеме предвид дека минатата недела бев на средби во САД, имав разговори со Светска банка и при тоа бевме опоменати како држава дека во изминатите години воопшто не се внимавало на проектит екоишто тие ги финансираат, а денес многу разговаравме на Влада за истите тие проекти, нема причина да се сомневаме дека нема да има реализација, вели Димитриевска Кочоска.
Пари ќе има за раст за пензиите за 2.500 денари во март. За фондот за пензиско осигирување ќе добие дотацои од Буџетот во висина од 390 милиони евра. Поголем фонд за плати ќе имаат здравството и образованието.
Платите на функционерите нема да растат. Премиерот вети - следната година избраните и именуваните функционери нема да добијат покачување. Се бара начин како да се смени Законот и да се намалат коефицинетите.
-Не знам како е, треба да видат одговорните лица. Едно е сигурно, покрај онаа работа дека еден ден сите ќе заминеме од од овој свет, е дека од договодина нема да има зголемување на платите на функционерите, рече Мицкоски.
Владата има рок до 15 ноември да го испрати до Собранието. Пратениците прво 10 дена ќе дебатираат на комисиска расправа за него, а потоа уште три на пленарна седница.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар