Бизнис
19. November 2024 - 16:37

Бизнисот бара брзи пруги и патишта, Владата вети – ќе градиме!

Бизнисот бара брзи пруги и патишта, Владата вети дека ќе ги изгради. Коридорот 10, железничкото поврзување со Бугарија е приоритет за оваа Влада, иако имало обиди од Софија  да се заобиколи Македонија.

Градела алтернатива на овој проект- региналното железничко поврзување од Виена- Будимпешта-Белград-Ниш-Босилеград, да продолжи кон Софија, по реката Струма и да заврши во Солун. Природен тек на Балканот е, вели Николски, да се развива Вардарската долина, низ која треба да поминува Коридорот 10 и брзата пруга.

- Во следните два месеци ќе излезам со конкретни решенија кои ќе ги презентирам во јавноста за подоцна да можеме да почнеме со градба. Рок за дизајн и за проектирање е една година, а рок за изградба е четири до пет години во зависност од теренот. Тоа значи дека целиот проект треба да трае помеѓу пет и шест години, рече Александар Николоски, министер за транспорт.

Бизнис заедницата повика што поскоро да се изградат инфраструктурните проекти, за да може протокот на стоки да функционира без застој. Во 21 век велат дека не е во ред да возат по патишта со 50 километри на саат 

- Во 2024 година да немаме пруга што сме ја имале пред 150 години е навистина голема штета. Затоа бизнис секторот на дневна база реагира на оваа тема. Иако во јавноста постојат повеќе правци на дискусија  во однос на железничките поврзувања, за нас како бизнис сектор поврзување број еден е Солун, бидејќи е на 230 километри од Скопје. Второ алтернативно пристаниште е Драч, а дури трета варијанта е Бургас и другите црноморски пристаништа, вели Трајан Ангелоски, претседател на ССК

За третата фаза од Коридорот 8 пак, договорено е следната недела да дојдат претставници од Софија и заедно да се прецизира проектирањето на тунелското поврзување меѓу двете земји, но и да се направи ревизија на сумата. Николоски смета дека цената од 560 милиони евра за изградба на 24 километри е превисока и никој не е наивен да верува дека истатат е реална.