Бизнис
9. November 2024 - 16:34

Mицкоски ќе оди на средба со банкарите – да им го каже она што сакал да им го каже

Следната недела ќе се допрецизираат условите за унгарскиот кредит наменет за бизнисот. Премиерот Мицкоски најави дека на состанокот со банкарите  ќе присуствува и тој.  Имал порака до банкарите, која лично ќе има ја кажел .  Преговорите за заемот од 250 милиони евра заглавија, затоа што банките не се согласувале рокот на враќање да биде 15 години, колку што инсистира Владата, но и во делот кој ќе им ги покрие трошоците и ризикот кој ќе го преземат деловните банки. .

Компаниите нема да имаат поголем трошок од тој што го кажавме. Министерката е на пат за Скопје, денеска се враќа од Брисел каде имаше серија состаноци. Но, важно е да се каже дека откако ќе дојде, очекувам во текот на следната недела, во втората попловина, да имаме состанок со Македонската банкарска асоцијација. Ќе инсиситрам и јас да бидам таму, да го кажам тоа што мислам дека треба да го кажам, рече Мицкоски.

Покрај за стопанството, премиерот вети помош и за граѓаните.   Веќе се подготвува новогодишната кошница, која треба да  донесе месечни  заштеди до 1,500 денари на домаќинствата.

Продолжуваме понатаму. Од тоа што сум информиран од минстерот за економија, остварена е комуникација со коморите, дефиниран е списокот на производи и артикли за пред Нова година, дефинирани се и цените. Работиме и тоа се гледа од извештаите што ги објавува Државниот завод за статистика. Видовте дека по не знам колку време, месечната инфлација е во минус и изнесува -0,7 проценти, односно сме во дефлација кога ќе се споредат октомври и септември, додаде Мицкоски

Статистичките податоци покажуваат дека ефектите од есенската кошница, дале резултат. Храната за еден месец поевтинила за 2.5 отсто. Најголем пад на  цените има кај овошјето,  зеленчукот и  месото. Сите останати производи, кои не беа опфатени во кошницата, се продавле по зголемени цени. Сепак, од СДСМ проценија  дека владината мерка не дала резултати. Цените на мало во октовмри биле намалени за само 0,1%.  Затоа бараат да се прифати новниот предлог закон за храна без ДДВ,  каде  основните продукти наместо со  5 ќе се даночат со нула стапка.  Но од власта им порачаа дека вакво решение не е прифатливо, затоа што токму СДСМ го зголеми данокот од 5 на 10 отсто на 1,600 производи, нарекувајќи ги луксуз.