Министерството за правда работи на Законот за помилување
Координација со претседателката на државата и подобрување на законот кој беше повлечен од собраниска процедура. Ова го најавува министерот за правда по последните помилувања кои резултираа со апсење и оставка на комисијата. Филков не открива дали планираните измени на законот опфаќаат прецизир1ање на условите за помилување и поголема соработка со институциите во процесот на помилување.
,,Тој закон беше повлечен и е молентално на доработка. Се работи на отсранување на сите можни аномалии и ќе бидете известени во следниот период што од тоа ќе произлезе. Секако остануваме отворени за соработка со кабинетот на претседателката и мислам дека во иднина ќе имаме неколку средби на темата", изјави Игор Филков, Министер за правда.
Министерот за правда е учесник на дводневниот форум Еу Западен Балкан овде во Будва на кој централни теми се прекуграничната соработка во расчистување на кривични предмети и дигитализација во правосудство.. Филков пред своите колеги порача дека не смее да се дозволи криминалците да ја избегнат правдата поради недостаток на соработка.
На дводневниот Форум, Филков се сретна со Еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс, на која разговарале за реформите во правосудството во процесот на пристапување кон ЕУ.
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар