Силјановска се консултира за нова Комисија за помилување, реформите ќе почекаат
Консултации за нови членови на Комисјата за помилување кај претседателката Силјановска Давкова има, но консултациите за реформа на системот за помилување за да не се случуваат контроверзни одлуки како тие од 23 Октомври се во застој.
Како што неофицијално откриваат членови на овие состаноци кај Силјановска, експертиски консултации закажани за денеска се одложени, се додека не се избере нов состав на Комисијата за помилување, откако тековниот состав предводен од професорите Калајџиев и Каневчев викендов си поднесе оставка поради последните помилувања.
Се работи за состаноци на сите поранешените членови на Комисијата за помилување и претставници на министерството за правда уште од средината на септември. Целта на овие консултации била да се направи целосна реформа и да се изготват нацрт измени на Законот.
Членови од поранешните Комисии за помилување откриваат дека дискусиите се однесувале на тоа дали во ова тело во надлежност на шефот на државата треба да влезат членови по функција, или актуелни судии и обвинители кои можат да имаат подателани информации за конкретни осдуени лица што бараат помилување. Истото се дискутирало дали осуденото лице треба да извади и потврда од судот или од МВР дека за него во моментов се води некаква постапка, или пак, дали да се користат разузнавачки информации.
Од друга страна, Силјановска веднаш од викендов, по оставките, почнала дополнителни консултации за нови членови на Комисијата.
„Овие консултации се во тек. Се разговара со разни профили на луѓе, меѓу кои искусни и докажани правници“, велат од кабиентот на Силјановска.
Овие консултации се прават со луѓе – потенцијални членови на Комисијата.
Сепак, нема информации кога би завршил овој процес и кога ќе се формира новото тело.
Досега Комсијата за помилување броеше од 7 до 11 членови, најчесто професори по право, но и псхолози, новинари, а имало дури и понрашени судии и обвИнители.
Последните помилувања на Силјановска, по повод 23 Октомври предизвикаа силни рекации во јавноста бидејки помеѓу 10те помилувани се најде наводно член на наркокланот „Барон“. Тој пак, веднаш штом го доби помилувањето беше уапсен за ново кривично дело – обид за убиство. По рекациите, Комисијата за помилувања која ги достави предлозите си поднесе. Премиерот Мицкоски искоментира дека тоа е признание на грешка, што ги налути членовите на Комсијата и го отфрлија како неточно.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар