Македонија
26. November 2023 - 10:45

Утре во Скопје дискусија за заедничко дејствување против климатските промени во соработка со УНДП

Претседателот Стево Пендаровски утре ќе се обрати на дискусијата насловена „Заедничка иницијатива за климатска акција“, што се одржува во соработка со постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) Армен Григорјан,  а во пресрет на претстојниот 28. Самит за климатски промени.

На дискусијата, како што оопшти кабинетот на Пендаровки, ќе учествуваа претставници на граѓански организации и климатски активисти, коишто ќе ги акцентираат прашањата поврзани со климатските предизвици, ќе ги презентираат сработените активности и ќе претстават идеи и можни решенија со цел заедничко дејствување против климатските промени.