Loading Video...
Македонија
5. November 2024 - 17:02

Како претседателските избори во САД ќе влијаат врз стабилноста на НАТО и Македонија?

Реално е да се стравува за единството на НАТО во пресрет на претседателските избори во САД. Македонските експерти за безбедност велат дека без разлика дали Харис или Трамп ќе се всели во Белата куќа, ќе продолжи стабилната политика на САД.  Експертите од соседството оценуваат доколку  републиканскиот претседателски кандидат добие втор мандат, може да се очекуваат промени, но тешко е да се предвиди дали тие ќе бидат радикални. 

Резултатите од мртвата трка меѓу кандидатите на демократите и републиканците влијаат насекаде, смета и првиот човек на одбрана. Мисајловски порачува дека состојбата мора будно да се следи.  А германската амбасадорка во земјава стои на ставот дека мора да се посвети внимание на ефектите од дезинформациите во циклусот на претседателските избори.

Исходот од американските избори ќе влијаат врз руско-украинскиот конфликт, состојбите на Блискиот Исток, како и најавениот бран на мигранти го прави регионот ранлив, вклучувајќи ја и Македонија.